ФАЗА 0

ЗЕЛЕНО  НИВО :: БУДНОСТ

01.05 - 30. 09
Метео – аларм системот за Заштита на здравјето од климатските промени е активен. 
При секое пречекорување на прагот, одговорните институции добиваат известување по смс и е-маил.

   

Акции

Одговорни институции

 

Акција бр 1: Активирање на метео-алармот за топлотни бранови од страна на УХМР и негова транспарентност преку веб-страната www.toplotnibranovi.mk
                                                                                

 

  1. Управа за хидрометеоролошки работи
  1. Институтот за јавно здравје на РМакедонија

 

Акција бр 2: Дистрибуција на едукативниот материјал наменет за општата популација, матичните лекари, раководителите на здравствените институции и работниците согласно изготвен план за дистрибуција за време на подготвителната фаза

 

  1. Министерство за здравство
  1. Институтот за јавно здравје на Р.Македонија

    во соработка со Црвен крст на РМакедонија, 10 Центри за јавно здравје и Институтот за трудова медицина

 

Акција бр 3: Соопштение до јавноста, со цел информирање за претстојните активности за заштита на здравјето од топлотни бранови и потсетување на општите мерки на заштита, како и функционирањето на СОС -телефонската линија.

 

  1. Комисија за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство

 

Акција бр 4:
Објавување на информации во однос на заштита на здравјето од топлотните бранови на интернет страниците на одговорните институции, со цел потсетување и подигнување на свесноста за неопходните мерки.

 

  1. Министерство за здравство
  1. Институтот за јавно здравје на Р.Македонија
  1. 10 Центри за јавно здравје,
  1. Институт за медицина на труд на РМ
  1. Црвен крст на РМакедонија
  1. Локална самоуправа

 

 

 

Акција бр 5:

За време на целиот период (мај-септември) да се активира процесот на:

а) Собирање на податоци за бројот на смртни случаи во Скопје, по пол и возраст.

б) Дневно следење на бројот на повици кон службите за итна медицинска помош во дефинирани градови, нивно групирање по симптоми.

в) Метеоролошки податоци од интерес

 

  1. Институтот за јавно здравје на Р.Македонија
  1. Служби за итна медицинска помош,
  1. Управа за хидрометеоролошки работи
  1.  Центар за управување со кризи 

 

 

Акција бр 6: Доставување на дописите изготвени во подготвителната фаза кон средината на месец мај, секоја година и тоа:

а) Допис доставен до сите јавни и приватни здравствени установи, образовни установи, пензионерски домови, геријатриски институции за акции кои во услови на топлина треба да ги преземат за да се гарантира адекватна поддршка.

б) Допис доставен на секој матичен лекар за мерките и активностите кои треба да ги преземе кон своите пациенти за намалување на ризикот од топлина.

в) Допис доставен до службите за трудова медицина и трудовата инспекција за мерки кои се однесуваат на заштита на здравјето на работниците.

г) Допис доставен до Државниот санитарен и здравствен инспекторат со цел информирање за мерките кои се спроведуваат во здравствените институции и воспоставување на контрола над истите.

д) Допис доставен до Итните медицински служби, во градовите каде што се прибираат информации за бројот на повици по дневна основа, за продолжување на активноста, ставање во функција на интернет конекциите итн. како и техничка подготовка за одговор на топлотни бранови.

 

  1. Министерство за здравство
  1. Институтот за јавно здравје на РМакедонија