ФАЗА 1

ЖОЛТО  НИВО :: АЛЕРТ/ПОДГОТВЕНОСТ

01. 05 – 30. 09
Метео – аларм системот за Заштита на здравјето од климатските промени е активен. 
При секое пречекорување на прагот, одговорните институции добиваат известување по смс и е-маил.
Оваа фаза станува активна кога ќе бидат надминати температурните граници за жолта фаза (Додаток 6)

   

Акции

Одговорни институции

 

Акција бр 1: Објавување на препораки за заштита на населението од топлотни бранови до јавноста преку медиумите, со посебен акцент на најранливите групи 
                                                                                

 

На национално ниво:
  1. Министерство за здравство
  2. Комисија за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство
На локално ниво:
  1. Центри за јавно здравје

 

Акција бр 2: Налог за активирање на општите и специфични мерки доставен до здравствените, образовни социјални установи со цел редуцирање на ризиците од продолжената топлина за најранливите популациони групи.

 

  1. Министество за здравство
  2. Институт за јавно здравје на РМакедонија
  3. Министерство за труд и социјална политика

 

Акција бр 3: Примена на поактивен пристап наменет кон старите осамени лица и социјално изолираните лица и бездомниците преку домашни посети со помош на активисти на Црвениот Крст и вклучување на локалната самоуправа и Центрите за социјални грижи, согласно планираното во подготвителната фаза.

 

  1. Црвен крст на Р.Македонија
  2. Локална самоуправа
  3. Министерство за труд и социјална политика
  4. Институтот за јавно здравје на РМакедонија

 

Акција бр 4:Функционална телефонска информативна линија -СОС која ќе обезбедува информации за граѓаните и совети

 

 

  1. Црвен крст на Р. Македонија