Активности во соработка помеѓу Светска Здравствена Организација и Министерство за здравство
ФАЗА 2 ПОРТОКАЛОВО НИВО :: ТОПЛОТЕН БРАН |
|
01. 05 – 30. 09 |
|
Акции |
Одговорни институции |
Акција бр 1: Постојани соопштенија преку јавните медиуми за состојба на приправност (алерт). |
|
Акција бр 2: Постапување по специфичните планови за вонредни услови на секоја здравствена установа, во јавните институции и пензионерските домови и образовните установи |
|
Акција бр 3: Спроведување на мерки за заштита на лицата изложени на топлина на работните места |
|
Акција бр 4: Преземање на специфични мерки од страна на социјалните служби во однос на заштита на најранливите лица со цел да им се обезбеди адекватно внимание |
|
Акција бр 5: Препораки за користење на јавните центри со климатизирани простории од страна на најранливата групација |
|
Акција бр 6: Зајакнување на телефонската информативна линија, со продолжување на времетраењето со цел континуирано обезбедување информации и совети за граѓаните |
|
Акција бр 7: Дистрибуција на вода за пиење на прометни места од страна на активисти на Црвениот Крст. |
|
Акција бр 8: Предлагање на дополнителни мерки за разгледување од страна на Владата во однос на работното време, за одредени сектори каде не се нарушува производствениот процес во контекст на заштита на здравјето на луѓето, вклучително и ослободување на работните обврски на најранливите групи на населението (бремените жени, старите лица над 60 години и сл.). Ваквите мерки ќе се разгледуваат поединечно и специфично за областите зафатени со топлотни бранови
|
|