ФАЗА 2

ЦРВЕНО  НИВО :: ВОНРЕДНИ

01.05 - 30. 09
Метео – аларм системот за Заштита на здравјето од климатските промени е активен. 
При секое пречекорување на прагот, одговорните институции добиваат известување по смс и е-маил.

Оперативна во периодот кога ќе бидат надминати температурните граници за црвена фаза (Додаток 6)

   

Акции

Одговорни институции

 

Акција бр 1: Постојани соопштенија, прес- конференции преку јавните медиуми за состојба на опасност
                                                                                

 

  1. Министерство за здравство
  1. УХМР

 

Акција бр 2: Постапување по специфичните планови во вонредни услови за катастрофа на секоја здравствена установа, во јавните институции и пензионерските домови и образовните установи

 

  1. Министерство за здравство
  1. Министерство за труд и социјална политика
  1. Министерство за образование
  1. Центар за управување со кризи
  1. Дирекција за заштита и спасување

 

Акција бр 3: Мерки за заштита на лицата изложени на топлина на работните места. По потреба одложување на работниот процес за време на топлотни бранови со катастрофални температури.

 

  1. Министерство за здравство
  1. Центар за управување со кризи
  1. Министерство за труд и социјална политика
  1. Институт за медицина на труд на Р.Македонија
  1. Влада на РМ

 

Акција бр 4:Интензивирање на помошта од страна на социјалните служби за најранливите лица со цел да им се обезбеди адекватна грижа.

 

  1. Црвен крст на РМакедонија
  2. Локална самоуправа
  3. Министерство за труд и социјална политика
  4. Институтот за јавно здравје на РМакедонија

 

Акција бр 5: Спроведување на најранливата групација во рамките на институции во климатизирани простории каде тоа е возможно

 

  1. Министерство за здравство
  2. Министерство за труд и социјална политика
  3. Црвен Крст
  4. Локална самоуправа
  5. Центри за социјална работа

 

Акција бр 6:ЗЗајакнување на телефонската информативна линија за време од 24 часа, која ќе обезбедува информации и совети за граѓаните.

 

  1. Црвен крст на Р. Македонија

 

 

Акција бр 7: Дополнителни мерки од страна на Владата во однос на работното време, транспортот и останати комунални работи потребни за нормално фумкционирање на општествениот систем во државата. Ваквите мерки ќе се разгледуваат поединечно и специфично за областите зафатени со опасни и катастрофални појави на топлотни бранови.

 

  1. Министерство за здравство

 

 

Акција бр 8: Постапување во случај на прогласување на елементарна непогода и криза (Додаток бр. 9)

 

  1. Центар за управување со кризи
  2. Министерство за здравство