Соопштение за најава на топлотен бран на 09.06.2010

Соопштение за најава на топлотен бран на 09.06.2010 

 

Комисијата за климатски промени и здравје при Министерството за здравство денеска одржа работна средба на која беа разгледани  добиените информации од метеоалармот на Управата за хидрометеоролошки работи за зафаќање на дел од нашата држава од топлотен бран со високи температури во регионите на Скопје, Куманово, Велес, Гевгелија и Каварадрци.

 

По тој повод, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РМ ја известуваат јавноста дека во согласност со Акциски план за заштита на здравјето на населението од топлотни бранови кои се однесуваат на фаза еден од овој план, односно за таканаречената „жолта фаза“, се препорачуваат мерки за намалување на ризиците од високите температури за лицата кои се наоѓаат на отворен простор, дома, на своите работни места, покрај езерата, реките и базените  или на планините:

 

ОСНОВНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ:

 

1. Да се избегнуваат какви било напорни активности (вклучуваќи и спорт и рекреативни активности за време на најжешкиот период на денот - од доцна наутро до доцна попладне)

2. Во текот на ваквите топли денови, останете повеќе во затворени простории, пред се климатизирани (обичните вентилатори не помагаат), а ако такви немате, поминете извесен период и во најблискиот климатизиран трговски центар.

3. Да се носи светла и лесна облека, а на директно сонце заштитни очила и  капа (светлите бои ја рефлектираат светлината).

4. Да се внесува помали количества храна, а посебно помалку мрсна храна и да се редуцира евентуалната зголемена телесна тежина.

5. Да се внесуваат големи количества течности  (не чекајте да бидете жедни) почнувајки од  обичната вода за пиење, па до минерализирани безалкохолните пијалоци. Оние кои поради болест треба да избегнуваат повеќе течности за истото да се консултираат со матичниот лекар.

6. Да се избегнуваат алкохолни и пијалаци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалаци или консумирање на поголеми количини шеќери
7. При неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори  под сенка - да се избегнува директен престој на сонце.

8. При привремено излегување од возилото  во овие услови, треба да го отворите прозорецот и да овозможите вентилација - целосно затворените возила стануваат многу жешки - и не оставајте никого во возилото.

9. Заедно со нивната редовна медикаментозна терапија, посебно дисциплиниарни по однос на овие препораки треба да бидат хроничните болни, собено оние со болести на срцевосадовиот систем, невролошките и белодробните боолести. За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултитраат својот матичен доктор.

10. Почесто во денот проверувајте - интересирајте се за  здравјето и на децата и на старите во вашето семејство

 

 

ОСНОВНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД UV ЗРАЧЕЊЕТО

 

Задолжително заштитете се од UV зраците со носење капа, очила за сонце, користете креми за сончање со висок заштитен фактор над 30  и носете лесна , светла и комфорна облека.

 

На крајот да не заборавиме и на други можни ризици по здравјето во услови на високи темепратури а пред се труењата со храна и појавата цревни заразни заболувања. Нашите препораки се :

 

Ø      задолжително миење на земјоделските - градинарски прозиводи ( свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба.

Ø      Термичка подготовка на храната и нејзино конзумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени.

Ø      Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови

 

СЕ ИНФОРМИРА ЈАВНОСТА ДЕКА ЗА ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВЛИЈАНИЕТО НА ТОПЛОТНИТЕ БРАНОВИ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО И ЗА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ МОЖЕ ДА СЕ ЈАВАТ НА БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА МАКЕДОНИЈА:

 

SOS  БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОН- 02/ 32 21 902 (10-18 h) повеќе инфо може да се добијат и на следната адреса:

www.toplotnibranovi.mk

 

 

Министерство за здравство

Институт за јавно здравје на Република Македонија

 

08/06/2010 година

С К О П Ј Е  

Локација: