
Активности во соработка помеѓу Светска Здравствена Организација и Министерство за здравство
Активностите во рамките на приоритетот “ Заштита на здравјето од климатските промени” во Р. Македонија се спроведуваат од страна на Светската здравствена организација, Канцеларија Скопје, во соработка со Министерството за здравство, и имаат за цел да го зајакнат капацитетот на здравствениот систем за одговор на последиците на климатските промени.
Активностите се насочени кон:
Спроведувањето на активностите во Р. Македонија започна во април 2009, со активно вклучување на ресорни министерства и институции кои спроведуваат активности поврзани со климатските промени. Од страна на Министерството за здравство, на 17 јуни 2009 година формирана е мултиресорска Комсија, во својство на одговорно тело за надзор врз активностите и донесување на одлуки (Линк решение за формирање на комисија).
Координатор на активностите од страна на СЗО Канцеларија Скопје е м-р Маргарита Спасеновска. Од страна на Министерството за здравство одговорен за спроведување е доц. Д-р Владимир Кендровски, СЗО Национален соработник за климатски промени и здравје.
Регионалната канцеларија на СЗО за Европа обезбедува техничка помош, насоки, обука и стручност, и ги координира проектите во различните земји. Сите активности ќе се спроведат во соработка со владите на земјите-учеснички во Иницијативата и со германското сојузно Министерство за животна средина, заштита на природата и нуклеарна безбедност.
Повеќе информации на: http://www.euro.who.int/globalchange/country/20090309_1